18 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТХОРОР ВО АМЕРИКА: Ги убил сопругата, свекрвата и петте деца

ХОРОР ВО АМЕРИКА: Ги убил сопругата, свекрвата и петте деца

Мајкл Хајт (42) од американската сојузна држава Јута го убил своето седумчлено семејство, сопругата, свекрвата и петте деца на возраст од четири до 17 години, а потоа се самоубил, соопштија локалните власти во Енох Сити.

Ја убил сопругата Тауша Хите (40) и нејзината мајка Гејл Ерл (78), како и нивните деца, три девојчиња на возраст од 17, 12 и седум години и две момчиња на возраст од седум и четири години. Нивните тела беа пронајдени во семејниот дом во Енох Сити, мал град во југозападна Јута, на околу 290 километри од Лас Вегас.

Неговата сопруга поднесе барање за развод на крајот на декември, соопштија локалните власти, сугерирајќи дека тоа е еден од мотивите за убиството, пренесуваат американските медиуми, пренесува Спутник.

-Полицијата во моментов смета дека нема други осомничени. Доказите укажуваат дека осомничениот си го одзел животот откако убил седум лица во куќата, соопштија властите.

Градоначалникот на градот Енох, Џефри Честнат, рече дека убиството ја потресе тесно поврзаната заедница од околу 7.500 жители.

-Хајтови ми беа соседи. Најмалото дете си играше во мојот двор со моите синови. Ова е страшен удар за многу семејства кои минуваа денови и ноќи со луѓе кои веќе ги нема, рече тој.

Менаџерот на градот Енох Сити, Роб Дотсон, рече дека не се знае што се случило, но се знае дека „луѓето кои беа наши пријатели и кои ги сакавме“ ги нема.

Тој додаде дека полицијата ги открила телата во средата попладне, откако било пријавено дека Тауша Хајт не се појавила на состанок.

Шефот на полицијата Џексон Ејмс изјави дека семејството Хајт било предмет на истрага пред неколку години, но не наведе други детали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП