2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛажни пријави за поставени бомби во Уставниот суд и на скопскиот аеродром

Лажни пријави за поставени бомби во Уставниот суд и на скопскиот аеродром

Уставниот суд и скопскиот аеродром денеска добиле дојави за поставени бомби. Но, проверките на антитерористичките единици на МВР покажале дека се работи за лажни пријави.

„Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави по добиена порака на електронска адреса со закана за поставена експлозивна направа во Уставниот суд и на аеродромот во Скопје и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Од страна на полициските службеници веднаш се преземени соодветни мерки и извршени се детаљни проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, соопшти МВР.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП