ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемена деловната активност во еврозоната

Зголемена деловната активност во еврозоната

evrozona3

Деловната активност во еврозоната продолжи да расте во септември, достигнувајќи го врвот во последните 27 месеци во време кога економијата на монетарниот блок излезе од рекорднатa рецесија, покажа денес истражувањето на компанијата Маркит.

Композитниот индекс на менаџерите за набавка, кој го пресметува Маркит, овој месец се зголеми на 52,1 поени од 51,5 поени кои беа забележани во август, при што секој резултат над 50 поени укажува на раст, а под 50 поени на пад на секторските активности, пренесува агенцијата Франс прес.

Растот на индексот го потврди закрепнувањето на европскиот монетарен блок, кој во вториот квартал конечно излезе од рецесија.

„Многу е охрабрувачки да се види дека бизнис ситуацијата се подобрува во целиот регион. Иако најголемиот раст беше забележан во Германија, деловната активност во Франција започна да бележи раст уште во почетокот на 2012 година“.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП