10 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАTouch ID на iPhone 5S може да се хакира?

Touch ID на iPhone 5S може да се хакира?

id

„Touch ID“ скенерот за отпечатоци на прстот на новиот „iPhone 5S“, најверојатно може да се хакира. Барем така тврди хакерската група „Chaos Computer Club“.

Членовите на оваа хакерска група „CCC“ откриле дека може да го надитрат новиот уред на „Apple“. Тие тоа го сториле така што на „Touch ID“ сензорот му подметнале фотографиран отпечаток на прстот кој бил отпечатен на тенок слој на латекс.

Хакерите објавија дека е можно фотографиран отпечаток на прстот да се земе од некоја рамна површина, како на пример стаклото, и тогаш сликата да се подобри на компјутери и да се отпечати на парче латекс.

Потоа латексот се става на местото каде што „Touch ID“ проверува дали навистина станува збор за отпечатокот на прстот на сопственикот на телефонот. Лажниот отпечаток на прстот така го отклучува овој „iPhone“. Од „Apple“ засега не го коментираа овој случај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП