25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПразнична донација на ОКТА за ранливите групи граѓани

Празнична донација на ОКТА за ранливите групи граѓани

Во пресрет на божикните празници, ОКТА обезбеди помош за ранливите категории сограѓани. Со средствата кои компанијата ги донираше на Црвениот крст на Град Скопје се обезбедени пакети со прехранбени продукти. Тимови на Црвениот крст ги дистрибуираа пакетите до социјално најранливи семејства во земјава на кои помошта им е најпотребна.

„Како организација и како поединци веруваме во принципите на хуманоста, и затоа преку различни активности се трудиме да ја дадеме нашата поддршка онаму каде е најпотребна. Благодарни сме што имаме ресурси и можност да помагаме, и се надеваме дека со оваа донација ќе успееме барем малку да го направиме овој празничен период од годината, поразличен и за лицата во социјален ризик”, рече Деан Стојковски, претседател на организацијата на Црвен Крст при ОКТА.

Покрај редовното вклучување во добротворни активности, вработените се горди што во рамки на ОКТА веќе 41 година дејствува и посебна организација на Црвениот крст, која континуирано ги промовира хуманите вредности и активно организира акции на крводарителство и волонтерство, со цел поддршка на загрозените и ранливи категории на население.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП