Маж (41) доцна синоќа во Загреб на патот Козара со секира ги нападнал поранешната сопруга (41) и детето (1,5), а потоа побегнал.
Од здобиените повреди детето починало во болница во Загреб.
Мажот со автомобил побегнал во непознат правец и завршил на обиколницата, а потоа предизвикал неколку сообраќајни несреќи и излегол од автомобилот и се фрлил под тркалата на камионот, пренесува Индекс. Во тек е полициска истрага за утврдување на сите околности, а случајот ќе го соопшти и полициската управа во Загреб.
Загрепското јавно обвинителство најави дека наскоро ќе излезе со соопштение за случајот, бидејќи истрагата е во тек, за да се утврдат сите околности на овој напад.