2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД ќе примаат и до 30.000 мигранти месечно, ќе протеруваат илегалци

САД ќе примаат и до 30.000 мигранти месечно, ќе протеруваат илегалци

САД планираат да примат до 30.000 мигранти месечно од Куба, Никарагва, Хаити и Венецуела во рамките на програмата што вклучува депортирање на луѓе од тие земји фатени на границата меѓу САД и Мексико, потврдија во четвртокот официјални лица од двете земји.

Проширената хуманитарна програма ќе се заснова на политиката донесена во октомври која им овозможи на илјадници луѓе од Венецуела да влезат во земјата по воздушен пат, доколку претходно аплицирале во странство и би можеле да докажат дека имаат спонзор од САД, потврдија изворите.

Двајца американски функционери очекуваат новата програма да биде објавена денеска, но Белата куќа не одговори на прашањето на Ројтерс дали тоа може официјално да го потврди.

Претседателот Џо Бајден треба да одржи говор за безбедноста на неговата јужна граница во четврток, а исто така планира да ја посети следната недела.

Проблемот со масовните илегални преминувања е предизвик за демократскиот претседател од почетокот на неговиот мандат пред две години.

Тој за време на посетата на Кентаки во средата рече дека сака да види „мир и безбедност“ на границата.

„Сакам да видам што се случува. Утре ќе одржам говор за безбедноста на границите“, рече Бајден во средата.

Тој треба да биде во Сиудад де Мексико на 9 и 19 јануари на самитот на северноамериканските лидери, каде ќе се сретне со мексиканскиот претседател Андреас Мануел Лопез Обрадор и канадскиот премиер Џастин Трудо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП