Луѓето се големите конзументи и корисници на сето тоа што ние го правиме во политиката, па затоа како земја претседавач со ОБСЕ влегуваме со мотото „It’s about people“, истакна денеска на брифигот со новинарите министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
„Ние некогаш во политиката, во администрацијата, сметајќи дека се занимаваме со голема политика, со големи иницијативи, со големи интереси, забораваме дека на било која позиција да сме, дали во нашите национални влади, во меѓународни организации, делуваме за луѓето, за да се намали страдањето на луѓето пред се во конфликтните региони, за да се олесни на луѓето, за да може да се интегрираат, луѓето да може да се рехаблитираат. Имајќи го предвид ова наше искуство, преку нашата ОБСЕ мисија, сметавме дека ако некој знае што значи улогата на ОБСЕ, политиките на ОБСЕ на терен, ОБСЕ инструментите – тоа сме ние. И затоа рековме дека пораката што ќе ја испратиме преку нашето претседавање, на тие состаноци на Постојаниот совет во Виена е дека „да, вие мислите дека правите голема политика, но на крајот луѓето се последните корисници на сето тоа што ние го правиме. Затоа треба да прекинеме со политиките на блокади, со политиките на некакви високи државни интереси, бидејќи луѓето се тие што страдаат“, рече Османи.

