Портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, најави дека во случај Грција да ги прошири територијалните води на 12 наутички милји, ќе има сериозни последици.
„Неодамна, министерот за надворешни работи рече дека секое проширување на територијалните води на повеќе од 6 милји, а не 12 милји, веднаш ќе наиде на приговор, противење и жесток отпор од Турција. Ние ќе се спротивставиме, нема да го прифатиме“, одговори Калин на прашањето на новинарот на НТВ каков ќе биде одговорот на Турција доколку Грција ги прошири своите територијални води на Крит, пренесува „Катимерини“.

