26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТРогозин му испрати на Макрон парче од шрапнелот што го рани во...

Рогозин му испрати на Макрон парче од шрапнелот што го рани во Украина

Поранешниот шеф на руската вселенска агенција Роскосмос, Дмитриј Рогозин, изјави дека му испратил на францускиот претседател Емануел Макрон парче шрапнел што бил употребен за да го рани во Украина со истрел од француска хаубица „Цезар“ доставена во Киев.

Рогозин, кој ја предводи групата воени советници кои им помагаат на руските сепаратистички сили во Украина, беше ранет во грбот во декември за време на украински напад врз хотел во Доњецк, во источна Украина под контрола на Русија. Во тој напад имаше повеќе мртви и ранети.

Рогозин тогаш објави дека нападот се случил додека тој имал „работен состанок“ во ресторанот на хотелот. Руската јавна телевизија „Русија24“, пак, тврдеше дека Рогозин таму го прославил својот 59-ти роденден со гости и музичари.

Откако беше ранет во нападот, тој рече дека бил опериран, бидејќи шрапнелите останале над неговото десно рамо.

Жестокиот застапник на руската офанзива во Украина, Рогозин објасни дека му пишал на францускиот амбасадор во Москва, Пјер Леви.

Во тој плик, со моето писмо, ќе видите дел од граната од француско артилериско оружје, хаубица „Цезар“, калибар 155 милиметри“, напиша Рогозин во писмото објавено на Телеграм.

Тој напишал дека парчето метал поминало низ неговото десно рамо и се сместило во петтиот вратен пршлен, на само неколку милиметри од местото каде што раната можела да го убие или онеспособи.

На прашањето на Франс прес, француската амбасада во Москва не сакаше да коментира.

Рогозин рече дека двајца негови пријатели биле убиени во артилерискиот напад во кој бил ранет.

„Сите наши жртви се на вашата совест. Ве молам дајте му го делот што хирурзите го извадија од мојот вратен пршлен на францускиот претседател Емануел Макрон. А кажете му дека никој нема да избега од одговорноста за воените злосторства“, напиша рускиот функционер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП