2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАТаблет кој се управува со поглед

Таблет кој се управува со поглед

tablet oko

Корисниците на модерните таблети се осудени на допирање на нивните екрани и притоа мораат да бидат прилично прецизни. Меѓутоа, тоа претставува голем проблем за хендикепираните лица кои страдаат од церебрална парализа или слични невролошки болести.

За таа цел шведската компанија „Tobii“ го модифицираше таблетот „Dell Latitude 10“ и го опреми со сензор кој го следи човековиот поглед. Таблетот доаѓа со оперативниот систем „Windows 8“, понудениот сензор и софтвер кој овозможува контрола на сите функции само со поглед.

Производителот ја објаснува причината поради која го одбрале „Windows 8“, бидејќи тој оперативен систем е лесен за користење од страна на лицата со пречки во развојот. Покрај тоа оваа платформа е идеална за поврзување со хардверот на други производители, како што е нивниот сензор за движење на окото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП