4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто да очекуваме во 2023 година? Метар квадратен никогаш не бил поскап,...

Што да очекуваме во 2023 година? Метар квадратен никогаш не бил поскап, а цената само се зголемува

Веќе некое време гледаме како растат цените на недвижностите. Просечната квадратура на стан поскапела за повеќе од 20 отсто за две години. На некои локации цената поскапе и до 50 отсто. Што да очекуваме во новава година, дали ќе пукне балонот или ни следи нов раст на цените?”

Имајќи предвид дека цените на квадратурата растат повеќе од две години, многумина очекуваа барем стагнација, ако не и пад. Околностите и големата побарувачка, сепак, го натераа пазарот на недвижности да држи цена и квадратурата на недвижностите стануваше се повредна од месец во месец.

Повеќето експерти на пазарот на недвижности велат дека сега доаѓа помирен период, но дека тоа не значи дека цените нема да растат.

-Очекуваме ценовна стагнација и благ раст, а тоа се околности кои доаѓаат како резултат на порастот на инфлацијата. Сите параметри што ги тестиравме покажуваат тенденција за благо продолжување на растот на цените. Тоа значи дека нема да има ненадеен раст и тренд што го видовме претходно, туку дека порастот ќе следи по инфлацијата. Колку ќе биде тоа зголемување зависи од трендот на инфлација, велат експертите.

„За жал, кај нас, кога цените ќе скокнат, тешко е да се очекува враќање на старото, како што тоа може да се случи на пазарите на недвижнини во развиените земји”, велат експертите.

Се очекува стагнација со благ раст, а тоа е затоа што во 2022 година цените многу пораснаа, а од друга страна, пораснаа и каматите на кредитите поради растот на еуриборот. Тоа значи дека нема да има експанзија на станбените кредити, туку ќе има побарувачка од инвестициската страна, бидејќи во кризни ситуации луѓето сакаат да инвестираат пари во она што е најсигурно, а тоа е недвижнините.

Без оглед на светската криза, зголемената инфлација, како и тоа што градежништвото е забавено, побарувачката за станови е сè уште висока. И покрај тоа што граѓаните нетрпеливо чекаат да дојде корекција на цената по големиот раст, прогнозите се дека пазарот само ќе се смири.

Извесно е дека и 2023 година ќе биде предизвик, особено кога станува збор за условите за одобрување станбени кредити, како и растот на каматните стапки, со оглед на тоа што челниците на ЕЦБ даваат изјави дека каматните стапки ќе бидат покачени од средината на следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП