5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБез договор за буџетската блокада во САД

Без договор за буџетската блокада во САД

United_States_Capitol_-_west_front

– На само една недела до 1 октомври, до кога има средствата за финансирање на американската Влада, а стапува во сила и здравствената реформа „Обамакер“, се уште нема договор меѓу Белата куќа и Конгресот за излез од
буџетската блокаха, ниту пак најава дека некоја од страните е подготвена да попушти, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Американскиот претседателот Барак Обама, кој денеска патува во Њујорк на Генералното
собрание на ОН, во последниот телефонски разговор со спикерот на Претставничкиот дом, Џон Бојнер, му најави дека одбива да преговара околу буџетот и долгот на САД.

Обама предупреди дека на САД може да им се случи целосна блокада на централната власт во период од еден месец, како во 1995 и 1996 година, кога голем број административни работници, лекари, ренџери и други државни службеници беа пратени на принуден одмор, а разните социјални исплати беа суспендирани.

– Добро е да бидеме носталгични за многу работи од 90-те години на минатиот век, како „Сајнфелд“, „Пауер Ренџерите“ и „Сабрина Тинејџ Вештеката“.

Но, не и за блокадата на Владата, порача Обама преку Твитер, додавајќи: „Доста е веќе“. Бојнер во повеќе наврати повтори дека „претседателот сака да преговара со Владимир Путин, но не и со Конгресот на САД со цел да го намали дефицитот“, најавувајќи дека нема да отстапи без компромис по некое од повеќето отворени економски прашања, како што е гласањето на буџетот, здравствените реформи „Обамакер“ и законоски дозволеното ниво на долг.

Спорот почна откако Претставничкиот дом, во кој републиканците на Бојнер имаат мнозинство, усвоија резолуција со која продолжува финансирањето на централната власт, но без средствата потребни за финансирање на „Обамакер“. Оваа резолуција е испратена до Сенатот, каде што Демократската партија на Обама, има просто мнозинство, но не и потребното квалификувано мнозинство од 60 гласови.

Сенатот може едноставно повторно да го врати текстот на резолуцијата во Претставничкиот дом и да се надева дека вината, доколку буџетот на САД остане без пари на 1 октомври, ќе падне врз републиканците. Сенаторот Тед Круз, кој ја предводи борбата „Обамакер“ да запре со нејзино оставање без средства во буџетот, бара од спикерот на Сенатот, демократот Хери Рид да дозволи јавно гласање на сенаторите.

Со тоа, петмина демократски сенатори кои треба да излезат на избори во 2014 година, а се избрани од сојузни држави во кои републиканците обично водат и каде „Обамакер“ е крајно непопуларна, би биле принудени јавно да дадат глас во поддршка на непопуларниот закон.

Тоа се пред се сенаторите Мери Ландру од Луизијана, Марк Бегиќ од Аљаска, Марк Прајор од Арканзас, Кеј Хаган од Северна Каролина, чии места републиканците се надеваат дека ќе успеат да ги преземат во Сенатот со помош на кавгата околу „Обамакер“.

Од друга страна, и демократите сметаат дека ќе успеат да поентираат политички, доколку планот на републиканците да ги поништат здравствените реформи не успее, доколку бидат принудени да се откажат од планот, па дури и доколку навистина дојде до блокада на централната Влада.

– Републиканците подметнуваат легислативен пожар. Ова е крајно неодговорно и целосно детски, изјави Ненси Пелоси, лидерот на демократите во Претставничкиот дом.

Реформата „Обамакер“ останува непопуларна, при што Обама беше принуден да го одложи стапувањето во сила на значителни делови од обемниот закон, кој и дава голема улога на Владата во регулирање на пазарот со здравствено осигурување. Меѓу отстапките беше и одлуката дека законот нема да се однесува на конгресмените и нивните службеници.

Голем број лица блиски до Обама, пред се раководството на синдикатите, но и истакнати поддржувачи, како милијардерот Ворен Бафет, се изјаснија против реформата и бараат нејзина преработка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП