Инфлацијата во Германија значително падна во декември благодарение на стабилизацијата на цените на енергенсите, а пред новото, очекувано зголемување на почетокот на 2023 година, покажуваат привремените податоци објавени денеска.
Инфлацијата во декември достигна 8,6 отсто на годишна основа, губејќи 1,4 процентни поени во однос на ноември, објави институтот Дестатис.

