29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕрдоган: Извозот на Турција достигна историски максимум од 254,2 милијарди долари

Ердоган: Извозот на Турција достигна историски максимум од 254,2 милијарди долари

Турскиот извоз достигна највисоко ниво од 254,2 милијарди долари во 2022-ра година, објави претседателот Реџеп Таип Ердоган, цитирајќи прелиминарни податоци, објави „TRT World“.

„И покрај глобалните предизвици, турскиот извоз во 2022-ра година порасна за 12,9 отсто на годишно ниво“, рече Ердоган на прес-конференција во Истанбул.

„Нашата цел е да обезбедиме Турција да го заземе своето место меѓу првите 10 земји извозници во светот“, додаде турскиот претседател.

„Бројот на земји и региони во кои Турција денеска ги извезува своите производи врз основа на плаќања во национална валута достигна 197“, рече Ердоган.

Претседателот обрна внимание и на достигнувањата на турските филмаџии, пренесе „Anadolu Agency“.

„Турција денеска е на второто место во светот по САД по обемот на извозот на ТВ серии. До крајот на 2023-та година планираме да извезуваме филмови и серии од Турција за да се достигнат 1,5 милијарди долари со публика од 1,5 милијарди гледачи“, истакна турскиот лидер.

Тој наведе дека целта е извозот на медицински услуги од Турција да достигне 5 милијарди долари во 2023-та година, како и извозот на информатичка технологија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП