4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПазар на автомобили 2023: Победници и губитници

Пазар на автомобили 2023: Победници и губитници

Изгледите за германските производители на автомобили на пазарот во 2023 година не се розови. Директорот на приватниот институт Centre Automotive Research (CAR) во Дуизбург, Фердинанд Дуденхефер, дури вели дека „сликата е мрачна“ кога станува збор за продажбата на автомобили во Европа.

Мора да се признае, списоците за нарачки се сè уште прилично долги, но според анализата на Дуденхефер, презаситеноста од купувањата на нови автомобили е само затоа што синџирите на снабдување некогаш биле нарушени и недостасувале полупроводници и други важни делови.

Помала понуда со поголеми маржи

Заедно со затворањата за време на пандемијата, се разви посебна ситуација – сите производители направија помалку автомобили од првично планираното, така што понудата се намали ширум светот. А произведеното се продаваше со големи маржи. Големите продажни места кои беа нормални во индустријата повеќе не постоеја.

„На тоа ќе му дојде крајот во 2023 година“, вели Дуденхефер и објаснува: „Списоците на нарачки ќе се намалат, па клиентот ќе биде робата што ќе се бара. Инфлацијата и високите цени на енергенсите, како и рецесијата, ќе доведат до блокирање на купувањето нови автомобили. „2023 година носи заживување на попустите за купување автомобили“.

„Европа како губитник“

Дуденхефер смета дека Европа ќе биде губитник. Тој предвидува мало зголемување на набавката на нови автомобили во Германија, но очекува пад на продажбата во Франција, Англија, Италија, како и во Русија како „посебен случај“ во текот на 2023 година.

Спротивно на тоа, тој очекува зголемување на бројот на продадени автомобили во Азија и Северна Америка. Имено, Кина и Соединетите Американски Држави започнаа програми за заживување на економијата кои би можеле да бидат добри и за автомобилската индустрија.

Од САД се заканува опасност

Администрацијата на Бајден го усвои Законот за намалување на инфлацијата, кој предвидува трошење на владата од 430 милијарди долари за период од десет години. Меѓу другото, американската влада му ветува на секој купувач на електричен автомобил намалување на данокот од 7500 долари, доколку автомобилот е произведен во Соединетите Американски Држави.

Слични правила важат и за сите други гранки, а овие мерки се насочени главно кон Кина. Но, Германската банкарска асоцијација проценува дека Законот е доволно нејасен што би можел да ги исклучи и производителите на автомобили од Германија, кои потоа ќе мора да отворат производствени капацитети во САД.

Бум на електрични автомобили

Во Германија значително е зголемен бројот на регистрирани електрични автомобили. Имено, од јуни 2020 година електричните автомобили со цена под 40.000 евра добиваат субвенции од државата во износ од 6.000 евра, а на тоа производителите на автомобили додаваат попуст од 3.000 евра. Така, продажбата на тие автомобили се стимулира со вкупно 9.000 евра. Купувачите на делумно електрични автомобили со таканаречен хибриден погон можат да сметаат на премија до 6.750 евра.

Според пресметките на Институтот CAR, до крајот на 2022 година, бројот на овие автомобили би можел да достигне 28 отсто од вкупниот германски пазар. Тоа би биле вкупно 720.000 електрични автомобили, од кои 326.000 се хибридни, а 394.000 целосно електрични.

Се намалуваат субвенциите

Од јануари 2023 година се намалуваат субвенциите, а цената на струјата на струјата е во драстичен пораст. Олеснување не носи ниту државната „кочница на цената на струјата“. Имено, таа се однесува на 80 отсто од потрошувачката на струја, а полнењето на батериите на електричните автомобили е дополнително оптоварување на енергетскиот биланс на домаќинството.

И производителите на автомобили и еколошките активисти сметаат дека често споменуваната „сообраќајна револуција“ е во опасност.

Неповолен ветер од Кина

Во Кина, најголемиот автомобилски пазар во светот, германските производители се изложени на жестока конкуренција. БМВ и Мерцедес таму продаваат повеќе од 30 отсто од своите автомобили. Групацијата Фолксваген продава дури повеќе од 40 отсто од своите автомобили во Кина.

Но, се чини дека претходната формула за успех на германските производители на автомобили во Кина веќе не функционира кога се во прашање електричните автомобили. Германскиот весник „Ханделсблат“ објави дека новата кинеска компанија „Хуман Хоризонс“ со својот модел на електричен автомобил „Хифи Х“ е пред конкурентите во сегментот на луксузни автомобили, каде што профитот е најголем. Досега беше домен на Mercedes, BMW и Audi.

Добрата репутација на старите производители ја губи важноста

И во другите сегменти, локалните кинески производители на автомобили како BYD, GAC, Li auto и Nio победуваат на трката со европска конкуренција. Во меѓувреме, германските инженери кои темелно ги тестираат кинеските производи велат дека овие кинески автомобили се квалитетни, но се поевтини.

Даниел Реска, експерт во американската компанија за управување со средства Алијанс Бернштајн, вели дека традиционалната сила и углед на германските производители на автомобили со бензински и дизел мотори не се пренесува автоматски на електричните автомобили. Тој тренд ќе се интензивира во 2023 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП