29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСЕ ЧЕКА ОДГОВОР ОД КИНА: Брисел му понуди бесплатни вакцини и професионална...

СЕ ЧЕКА ОДГОВОР ОД КИНА: Брисел му понуди бесплатни вакцини и професионална помош на Пекинг

Европската унија и понуди на Кина бесплатни вакцини против Ковид-19 за да и помогне да го спречи брзото ширење на инфекцијата, пишува британски „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на европски претставници.

Според дневниот весник, понудата била дадена во изминатите неколку дена, односно пред денешниот состанок на министрите за здравство на ЕУ како одговор на Европската комисија за евентуалниот нов бран на ковид-19 ширум светот, откако Кина одлучи да стави крај на политика на нулта толеранција кон коронавирусот, пренесува РИА.

– Европската комесарка за здравство Стела Киријакидес им понуди на своите кинески колеги солидарност и поддршка, вклучително и професионална помош и донации од вакцини, изјави еден од претставниците на ЕУ.

Според него, кинеската администрација се уште не одговорила на понудата на ЕУ.

Во ноември Кина регистрираше рекорден број на заболени од Ковид-19. Поради влошување на епидемиолошката состојба, властите воведоа делумни блокади во одредени области, додека локалното население секојдневно мораше да се тестира за коронавирусот.

Кина во декември објави дека ја прекинува политиката на нулта толеранција за Ковид-19 и дека се подготвува да ги отвори своите граници во јануари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП