28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСокот од зелка - одличен за желудникот

Сокот од зелка – одличен за желудникот

Дали сте знаеле дека свежата зелка содржи најважни елементи за одржување на биолошката рамнотежна на организмот?

Освен што ја спречува авитаминозата, ја лекува слузокожата на органите за варење, а топлата супа од зелка, го олеснува искашлувањето и ја смирува надразнетоста на хранопроводот. За слабокрвните лица се препорачува сирова зелка или варена на пареа, бидејќи содржи изобиство од неопходни минерални соли, витамини, како и хлорофил.

Во народната медицина сокот од зелка се препорачува како терапија на чир во желудникот. Овој лековит напиток би требало да се консумира меѓу оброците, а доколку предизвикува пречки при варењето, еден час после јадењето. Во тој случај, пред оброкот треба да се испие чај од камилица и ким.

За да добиете сок, исецкајте 500 гр зелка, сомелете ја, малку посолете ја и оставете ја да отстои. Потоа исцедете ја зелката преку газа, а сокот чувајте го во фрижидер.

Супата од зелка подгответе ја на следниот начин: во тенџере загрејте 3 супени лажици масло, кратко запржете 2 супени лажици брашно, па додадете исецкани листови од зелка. Помешајте и залијте со вода до саканата густина. Варете ја со додаток на ловоров лист, бибер и биозачини. Кога зелката ќе омекне, додадете чешче исецкано лукче, листови од магдонос и целер и 2 супени лажици кисела павлака.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП