4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТТри критични места каде би можела да започне светска војна на големите...

Три критични места каде би можела да започне светска војна на големите сили

Украина, Тајван и Корејскиот полуостров се три места каде што развојот на настаните може да предизвика воен конфликт во кој ќе бидат вклучени водечките светски сили.

Ова мислење го изрази рускиот сенатор Алексеј Пушков.

Поради политиката на Соединетите Американски Држави и другите земји од НАТО, Украина останува најверојатната точка на таков конфликт, напиша Пушков на својот Телеграм.

„Сирија, која исто така беше зона на зголемена опасност од конфликт меѓу Русија и Соединетите Американски Држави, повеќе не е на таа листа: таму САД и нејзините сојузници мораа да се повлечат“, напиша Пушков.

Според него, Третата светска војна нема да започне во 2023 година поради судир меѓу Грција и Турција или поради територијален конфликт меѓу Индија и Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП