Познатиот белградски сплав „Фристајлер“ почна да тоне на новогодишната ноќ, 10 минути по полноќ, а за среќа никој не беше повреден. „Фристајлер“ е пријавен за 220 лица, а според неофицијалните информации на српскито портал Нова.рс, на новогодишната ноќ имало повеќе од двојно луѓе.
„Сплавот беше регистриран за најмногу 220 лица, а не знаеме колку имало на новогодишната ноќ и нема да правиме претпоставки бидејќи истрагата во соработка со УКП и обвинителството е во тек. Сè уште се утврдува колку луѓе имало, се уште собираме дополнителни информации, а во овој момент не можеме да тврдиме колку луѓе всушност имало на сплавот во моментот кога почнал да тоне“, вели Божидар Јагодиќ, раководител на Одделот за инспекција на безбедноста на пловидбата.

