22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТЖестоки напади на Киев, Русите гаѓаат со дронови „Шахид“

Жестоки напади на Киев, Русите гаѓаат со дронови „Шахид“

Русија е насочена кон клучната украинска инфраструктура во серијата напади со беспилотни летала врз Киев и околниот регион, соопштија во понеделникот украинските власти, во втората ноќ од жестоките напади врз главниот град на Украина.

„Во регионот и во главниот град е бучно: ноќни напади со дронови“, рече гувернерот на регионот Киев Олексиј Кулеба на апликацијата за пораки Телеграм.

„Русите започнаа серија напади со дронови „Шахид“ (од иранско производство). Тие се насочени кон клучните инфраструктурни објекти. Противвоздушната одбрана работи“, додаде тој.

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко соопшти дека во експлозија во областа Киев е повреден млад човек (19) и дека сите служби се на терен.

Кличко преку Телеграм изјави дека младиот човек бил пренесен во болница откако остатоци од дронот паднале на патот во областа Десњански на североистокот на Киев и оштетиле блиска зграда. Ројтерс не можеше независно да ја потврди таа информација.

Округот Дешњански, кој се наоѓа на левиот брег на реката Днепар, е главно станбена област и најнаселена област на главниот град.

Украинските системи за противвоздушна одбрана соборија 16 воздушни објекти над Киев во раните утрински часови на вториот ден од новата година, соопшти градската воена управа.

Регионалната воена команда на Украина на истокот на земјата објави дека во раните утрински часови во понеделникот над регионите на Днепропетровск и Запорожје, системите за противвоздушна одбрана уништиле девет беспилотни летала Шахид од иранско производство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП