10 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГеоргиева: Новава година ќе биде потешка!

Георгиева: Новава година ќе биде потешка!

За поголемиот дел од светската економија, 2023 година ќе биде тешка година бидејќи главните мотори на глобалниот раст, САД, Европската унија и Кина, доживуваат забавување на активностите, изјави шефицата на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева.

„Новава година ќе биде потешка од годината што ја оставаме зад нас“, рече Георгиева на неделната утринска информативна програма „Соочете се со нацијата“ на CBS.

Таа објасни дека тоа ќе биде затоа што трите главни економии, САД, ЕУ и Кина, „се забавуваат истовремено“, објави Ројтерс.

Во октомври, ММФ ги намали изгледите за глобалниот економски раст во 2023 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП