25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Глобалниот самит во Охрид над 180 учесници

На Глобалниот самит во Охрид над 180 учесници

oh

Претставници на над 180 македонски и странски компании од сите сектори се пријавени да присуствуваат на Вториот Глобален инвестициски самит што ќе се одржи во Охрид од 8 до 10 октомври. Рокот за пријавувањето за учество на Самитот завршува денеска.

На Вториот самит присутните ќе разговараат за бизнис можностите, инвестициите, конкурентноста, конкретни проекти, конкретни успешни примери, како и да разговараат за меѓусебна соработка.

Во агендата на  самитот предвидени се пет панелни дискусии на тема Конкурентност на Македонските компании, билатерални состаноци на учесниците и настани за поврзување: Гала вечера, коктели и хуманитарен концерт.

На самитот Хубертус ван Дер Ваарт, со-соновач на инвестицискиот фонд СЕАФ ќе објави и детали за инвестицискиот фонд . Неговите пласмани ќе бидат наменети за мали и средни претпријатија (МСП) со развојна компонента. Проектираниот инвестициски капитал е 15 милиони долари, а голем влог во фондот има и македонската дијаспора. При конституирање на фондот основната мисија е да се поддржат македонските МСП како најзначаен развоен сегмент во македонската економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП