29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТФранција апелираше до членките на ЕУ да ги тестираат на корона патниците...

Франција апелираше до членките на ЕУ да ги тестираат на корона патниците од Кина

Франција апелираше до другите членки на ЕУ да ги тестираат патниците од Кина за Ковид, откако одлуката беше донесена од Париз поради зголемувањето на бројот на заразени лица во таа земја.

Само Италија и Шпанија бараат тест за ковид пред влезот, а здравствените власти ширум ЕУ минатата недела не успеаја да се договорат за заеднички курс за ова прашање.

Дополнителни разговори ќе следат следната недела.

Од денес, Франција бара од патниците од Кина да покажат негативен тест за ковид направен најмалку 48 часа пред патувањето и по случаен избор ќе тестира и други патници.

„Франција ќе побара оваа методологија да се применува во цела ЕУ“, рече министерот за здравство Франсоа Браун по разговорот за новите процедури со министерот за транспорт Клемон Боне на аеродромот Шарл де Гол во Париз.

Тој изјави дека е потребна координација на ЕУ за да се постигне поголема ефикасност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП