8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДрама во Белград: Сплавот „Фристајлер“ до половина во река - чевли, чанти,...

Драма во Белград: Сплавот „Фристајлер“ до половина во река – чевли, чанти, јакни, високи потпетици расфрлани наоколу во кал (ФОТО)

Утрото по потонувањето на популарниот белградски сплав „Фристајлер“ на Сава, се уште се видливи остатоците од синоќешната гужва и паника што владееше меѓу гостите кога водата со голема брзина почна да навлегува во зградата.

Поголемиот дел од сплавот е под вода, задниот дел кој синоќа беше делумно под вода сега е повеќе од половина во Сава.

На пристапот до сплавот имало оставени машки чевли, високи потпетици во калта, чанти, јакни, како и остатоци од новогодишни украси.

Да потсетиме, сплавот нешто по полноќ почнал да тоне. Како што се дознава, кога сплавот почнал да се навалува и водата почнала да навлегува, а на толпата и било кажано да го напуштат клубот полека и еден по еден.

Бидејќи сите биле исплашени, некои почнале да бегаат, но разумот надвладеал, па немало стампедо, пишува Блиц.

Сите гости биле успешно евакуирани пред речиси половина од сплавот да исчезне во реката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП