Министерството за одбрана на Русија соопшти дека околу 20.000 војници ќе го чуваат небото над Москва за новогодишните празници.
Меѓу нив, повеќе од 1.800 припадници на Првата армија за специјални намени на воздухопловните и вселенските сили за воздушна и противракетна одбрана ќе бидат на борбена задача на новогодишната ноќ, пренесува РИА Новости.

