28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПлатината во 2023-та: Повисока цена, поголема побарувачка

Платината во 2023-та: Повисока цена, поголема побарувачка

Цената на платината скокна за повеќе од 20 отсто од крајот на септември и е на пат да го забележи својот најдобар квартал од 2009-та година, пренесува „CNBC“.

Според Светскиот инвестициски совет за платина, од 2019-та година, Кина увезува огромни количества платина, што доведува до ограничувања на снабдувањето со ископаниот благороден метал во остатокот од светот.

Организацијата со седиште во Лондон очекува дефицит во понудата на платина да се случи во 2023-та година, при што побарувачката ќе порасне за 19%, а понудата ќе порасне за само 2%. Индустриската побарувачка за платина ќе се зголеми за 10 отсто во споредба со 2022-ра година.

Прогнозите се дека побарувачката на благородниот метал за потребите на автомобилската индустрија ќе продолжи да се зголемува и во наредната година. Во бизнисот со накит се очекува тој да остане непроменет, се вели во соопштението на Светскиот инвестициски совет за платина.

Платината е зголемена за 9% во 2022-ра година, според податоците на „Reuters“, што ја прави попрофитабилно средство од другите благородни метали. Златото изгуби околу 1 отсто од својата вредност, среброто поскапе за приближно 3 отсто, а паладиумот падна за 4 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП