7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„SNB“ ги намалува напорите за слабеење на франкот

„SNB“ ги намалува напорите за слабеење на франкот

Швајцарската национална банка (SNB) ја зголеми продажбата на девизи. Во третиот квартал од 2022-ра година, централната банка продаде девизи во вредност од 739 милиони швајцарски франци, покажуваат податоците кои ги објави. Во вториот квартал обемот на продажба и натаму изнесува 5 милиони франци.

И покрај релативно малиот обем, продажбата од април до јуни сигнализираше промена на курсот, завршувајќи ја ерата на интензивни интервенции на девизниот пазар за слабеење на франкот. Наместо тоа, „SNB“ неодамна продава девизи за да го зајакне швајцарскиот франк, чија висока вредност помага да се намали инфлацијата предизвикана од поскапиот увоз.

Швајцарската инфлација достигна 3% во ноември, што е ниско во споредба со другите земји, но високо во швајцарски услови и надвор од целта за инфлација на централната банка од 0-2%.

Претседателот на регулаторот, Томас Џордан, претходно овој месец изјави дека централната банка продавала странски валути во последните месеци за да обезбеди „соодветни монетарни услови“.

Тој рече дека банката ќе продолжи да продава странски валути во иднина, додека е подготвена повторно да купува странски валути доколку е потребно за да се ограничи прекумерната апрецијација на франкот.

Економистот на „Credit Suisse“, Максим Ботерон, рече дека очекува „SNB“ да продолжи да продава странски валути во четвртиот квартал, проценувајќи дека централната банка продала валута во вредност од 13,3 милијарди франци само во октомври.

Од врзувањето со еврото во 2015-та година, „SNB“ потроши вкупно 353 милијарди франци главно за купување долари, јени и евра за да го спречи поскапувањето на националната валута, која е особено барана за време на криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП