26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРускиот „Rolls-Royce“ идната година ќе се појави на патиштата и ќе чини...

Рускиот „Rolls-Royce“ идната година ќе се појави на патиштата и ќе чини над 400.000 евра (ФОТО)

Производителот на суперлуксузни руски автомобили „Aurus“ има намера да пласира 200 теренци „Komendant“ во 2023-та година, а дополнително да го зголеми производството во следните години, пишува „Russia Beyond“.

„Планираме да произведеме 200 автомобили „Aurus Komendant“ во 2023 година“, соопштија од информативната служба на оваа компанија.

За споредба, информативната служба како пример ја наведе статистиката за продажба на странски автомобили во овој сегмент од пазарот. „Bentley“, на пример, продаде 256 автомобили од различни модели во Русија во 2021-ва година.

Во 2023-та година, „Aurus“ планира да лансира приближен број возила на пазарот, но се работи само за еден модел, а тоа е гореспоменатиот „Komendant“.

„Aurus“ во наредните години ќе го зголеми обемот на производството во согласност со бизнис планот на својот проект, додаваат од компанијата.

„Aurus“ е руска марка за автомобили од висока класа. Во моментов се произведуваат два модела – седанот „Senat“ и теренецот „Komendant“.

Производството на „Komendant“ започна на крајот на ноември годинава.

Компанијата прецизираше дека почетната цена на автомобилот ќе биде 33,7 милиони рубљи (околу 437.000 евра). Продавачите на возила од овој бренд почнаа да добиваат прелиминарни нарачки за „Komendant“ на крајот на септември.

Производството на првиот модел, седанот „Senat“, започна во мај 2021-ва година (податоци за обемот на производство и продажба не се објавени).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП