Владимир Путин нема да испрати новогодишни честитки до американскиот и францускиот претседател Џо Бајден и Емануел Макрон, ниту до германскиот канцелар Олаф Шолц, соопшти денеска Кремљ во екот на кризата меѓу Москва и Западот поради руската агресија врз Украина.
„Тие колеги не ни испраќаат никакви желби, ние всушност немаме никаков контакт со нив. Имајќи ги предвид нивните постојани непријателски дејствија, претседателот нема да им испрати новогодишни желби“, изјави за новинарите Дмитриј Песков, портпарол на руското претседателство.

