Пандемијата, прекинатите синџири на производство и снабдување, лошата глобализација, рецесијата, инфлацијата, растот на цените на инпутите, геополитичките судири на моќните земји… имаа значително влијание врз намалувањето на вредноста на компаниите и богатството на бизнисмените во 2022 година.
Со внимание се следи трката на милијардери за светскиот трон на најбогат човек на планетата. Илон Маск и Џеф Безос „се борат до последен цент“ (од време на време скока некој како Бил Гејтс или Бернард Арно, што ја прави трката интересна и неизвесна.

