25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемена невработеноста во Америка

Зголемена невработеноста во Америка

sad11

Во 20 американски држави минатиот месец беше намaлен бројот на работни места, со што се потврди скромното закрепнување на пазарот на труд во 2012 година.

Тоа закрепнување не е рамномерно во целата територија на САД, соопшти Министерството за труд во Вашингтон.

Во соопштението се наведува дека во 29 држави во август бил зголемен бројот на работни места, при што невработеноста е зголемена во 18 држави, намалена во 17, а останала непроменета во 15, пренесува АП.

„Сликата е многу измешана. Сеуште сме оптимистични, но закрепнувањето е бавно“, изјави економистот на консултантската куќа „IHS“ Џим Дифли.

На целата територија на САД биле отворени 169,000 нови работни места во август, што е скромен резултат и недоволен да укаже на зајакнување на пазарот на труд. Стапката на невработеност истовремено изнесуваше 7,3 проценти.

САД во моментов има 1,9 милиони работни места помалку во однос на периодот пред рецесијата, а од април во просек се отвараат околу 155,000 работни места месечно, во однос на просекот од 205,000 во првите четири месеци од оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП