Властите во главниот град на Украина, Киев, рано утрото ги повикаа жителите во засолништа.
Според гувернерот на регионот Киев, Русија извршила напад со беспилотни летала.
Градските власти на Киев го соопштија предупредувањето до граѓаните нешто по два часа по полноќ преку нивниот канал на апликацијата Телеграм, додека низ градот одекнуваа сирени.
Гувернерот на регионот Киев, Алексеј Кулеба, на Телеграм изјави дека е во тек напад со беспилотно летало. Сведок изјави за Ројтерс дека слушнал неколку експлозии и ехо од противвоздушен оган на 20 километри јужно од Киев.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалните мрежи изјави дека воздушните сили низ Украина одбиле 54 руски проектили и 11 беспилотни летала тој ден.
Тој призна дека повеќето региони во Украина биле погодени од прекини на електрична енергија по новото руско гранатирање, кое повторно ја погоди енергетската инфраструктура.
„Вечерва снема струја во поголемиот дел од Украина. Особено е тешко во регионот на Киев и во самиот главен град, во регионот Лавов, во Одеса, Херсон и неговата околина, во Виница и Закарпатија“, рече тој.