3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да стекнете доверба кај вашите потрошувачи?

Како да стекнете доверба кај вашите потрошувачи?

potroshuvachi1

“Најголемиот предизвик е така наречената кршливост на довербата” вели Родерик Крамер, професор по организациско однесување на универзитетот Стенфорд. “Довербата е тешко извојувана и лесна да се изгуби”

За да изградите доверба, вашите клиенти потребно е да веруваат во три нешта за вашата компанија:

– Ги имате нивните најдобри интереси во срцето

– Вие сте способни да ги одржите вашите ветувања

– Вие сте искрени и веродостојни

За да се заслужат лојалните клиенти кои веруваат во вашиот бренд, пробајте ги следниве техники:

1. Фокусирајте се добро на извршувањето на задачата. “Многу компании се грижат премногу за тоа дали им се верува” вели Крамер. Наместо тоа, трошете ја енергијата на исполнување на тоа што сте го ветиле. “Менаџментот мора да биде посветен да го изврши договореното од секоја трансакција” вели тој.

2. Бидете транспарентни за грешките. Луѓето по природа претпочитаат да ги кријат грешките, но вие сакате да бидете дирекни и отворени колку што е можно. “Секоја тајност, прикривање или нечесност ќе ја поткопа довербата кон јавноста” вели Крамер. Кога ќе погрешите, прифатете ја грешката, споделете го тоа што го правите за да ја поправите и направете го.

3. Остенете будни во текот на целото време. Гредењето на довербата не е еднократен договор, мора да се докажувате секојпат кога клиентот го користи вашиот производ. “Градењето на довербата и одржување на будноста со постојан напор” вели Крамер.

Ако се прашувате дали вашиот напор е доволен, мислете на следниов начин: Одржување на ветувањето е вашиот бизнис. Ако не испорачате, ништо не може да ве скрие.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП