1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНадминат прагот на алармирање поради аерозагадувањето во Скопје

Надминат прагот на алармирање поради аерозагадувањето во Скопје

Министерството за животна средина информира дека во Скопје е надминат прагот на алармирање поради аерозагадувањето.

„Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, информираме дека истиот е надминат на мерните места во Центар и Лисиче“, информираат од Министерството за животна средина.

Согласно податоците што ги соопшти министерството, среднодневните концентрации на ПМ-10 честичките во Центар вчера изнесувале над 175 микрограми на метар кубен, а во средата 198 микрограми на метар кубен. Мерната станица во Лисиче, покажала 196 микгрограми вчера и 193 микрограми на метар кубен пред два дена.

Информацијата од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање за надминување на прагот на алармирање е доставена до Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Сектор за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институт за јавно здравје и до општините и до Град Скопје.

„Согласно заклучоците од записникот од 40-та седница на Владата одржана на 28.11.2017 година, за Град Скопје стапуваат на сила препораките и мерките во случај на надминат праг на алармирање“, соопштија надлежните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП