Договорот за отстранување, кој треба да започне во рок од 48 часа, е постигнат синоќа по разговорите на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претставници на Србите од Косово.
Барикадата, каде што имаше најмногу луѓе во изминатите три недели, од утрово е пуста. Станува збор за Мало Рударе, односно главниот пат, кај Крст. Токму овој крст беше поставен за време на барикадите во 2011 година.

