25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на индустриското производство во ноември

Пад на индустриското производство во ноември

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во ноември 2022 година, во однос на ноември 2021 година, изнесува 96.3.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2022 година, во однос на ноември 2021 година, бележи опаѓање од 4.7 %, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 5.6 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 15.6 %.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на метали, Производство на електрична опрема и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во ноември 2022 година, во однос на ноември 2021 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.8 %, додека бележи пораст кај Енергија за 9.2 %, Капитални производи за 1.7 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 0.3 %

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – ноември 2022 година, во однос на периодот јануари – ноември 2021 година, изнесува 99.9.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП