16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСтудентите одлучија: Најдобрата компанија во светот е...

Студентите одлучија: Најдобрата компанија во светот е…

studenti2

Познато е дека сите големи компании ги земаат најдобрите студенти од престижните факултети и прават се што е возможно со цел да ги намамат во нивните канцеларии. Меѓутоа, останува прашањето која компанија, истите тие студенти, би ја избрале доколку ја имаат таа можност. Ова истражување даде одговор на ова прашање.

Студентите од целиот свет ги избраа компаниите во кои најмногу би сакале да работат.

Агенцијата „Universum Global“ испрашуваше околу 200.000 студенти од бизнис и техничките универзитети во целиот свет со цел да дознае која компанија е најпосакувана од страна на студентите.

На листата на која се наоѓаат околу 50 компании, првиот избор на студентите од целиот свет беше компанијата „Google“.

Како причина за тоа студентите го наведоа сјајниот амбиент за работа, единствените привилегии и системот за наградување, кои според нив се клучните фактори кога станува збор за изборот на работа.

Второто место го делат компаниите „Ernst and Young“ и „Microsoft“.

Третото место го делат компаниите „Goldman Sachs“, „PricewaterhouseCoopers“, „Apple“, „BMW Group“, „Intel“ и „ IBM“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП