8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамален шпанскиот трговски дефицит

Намален шпанскиот трговски дефицит

shpanskiottrgovski1

Шпанскиот трговски дефицит во јули се намали за дополнителни 53,5 проценти, благодарение на зголемениот извоз, соопшти денес Министерството за економија во Мадрид.

Разликата меѓу извозот и увозот во четвртата според големина економија во еврозоната е намалена на 786,7 милиони евра, наведе министерството, пренесува агенцијата Франс прес.

Шпанија имала извоз во вредност од 19,86 милијарди евра, што е рекорд за јули и претставува раст од 1,3 проценти на годино ниво. Увозот истовремено е намален на 20,65 милијарди евра.

Владата на премиерот Маријано Рајох го смета извозот за двигател на економското закрепнување на Шпанија, која две години е во рецесија.

Шпанија во март го евидентираше првиот трговски суфицит од 1971 година.

Во јули, извозот на хемиски производи, железо и челик е зголемен, додека увозот на суровини е остро намален, наведуваат од министерството.

Во првите седум месеци од оваа година, шпанскиот трговски дефицит е намален за 67,5 проценти на годишно ниво на 6,61 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП