5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТЗа руските војници кои се борат во Украина обезбедено бесплатно замрзнување на...

За руските војници кои се борат во Украина обезбедено бесплатно замрзнување на сперма

Руските војници кои учествуваат во војната во Украина ќе имаат право на бесплатно замрзнување и складирање на спермата, објави руската државна новинска агенција Тас, повикувајќи се на синдикатот на адвокатите.

„Семејствата на повиканите на воена служба како дел од делумната мобилизација ќе добијат бесплатен пристап до третман за неплодност и складирање на биоматеријали во криобанка“, рече Игор Трунов, претседател на Рускиот сојуз на правници, кој застапува неколку парови чии сопружници се мобилизирани, наведува Тасс, пренесе CNN.

Руското Министерство за здравство одговори на барањето „за создавање бесплатна криобанка на генетски материјал и промени во системот за задолжително здравствено осигурување за доделување бесплатна квота за третман на неплодност за граѓаните на Руската Федерација, кои учествуваат во специјалната воена операција“, рече Трунов.

„Министерството за здравство на Руската Федерација одлучи дека е можно да се користат пари од федералниот буџет за финансирање на бесплатното зачувување и складирање на полови клетки (сперма) за граѓаните мобилизирани во Специјалните воени операции, во периодот 2022-2024 година. Секое следно бесплатно користење на зачуваниот генетски материјал во асистирана репродуктивна технологија е регулирано со закон, под услов да биде наведен како дел од пакетот за задолжително здравствено осигурување (поединец)“, додаде Трунов, пренесува Тасс.

Како што пишува Гардијан, демографите предупредија дека инвазијата на Владимир Путин на Украина и нејзината „делумна“ воена мобилизација може дополнително да ја продлабочи руската демографска криза.

Населението на Русија е во речиси постојан пад со децении. Пандемијата на коронавирус доведе до најголем природен пад на населението во земјата од распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година.

Војната во Украина, која уби десетици илјади млади Руси, истовремено предизвикувајќи невиден егзодус на образовани професионалци, се очекува да го забрза демографскиот колапс на Русија.

Независниот демограф Алексеј Ракша ја опиша моменталната демографска ситуација како „совршена бура“.

Во ноември, американски воен официјален претставник ја изјави бројката на повеќе од 100.000 руски војници убиени или ранети во украинската војна, со сличен број на украинската страна.

Соочен со серија неуспеси на фронтот, рускиот претседател Владимир Путин регрутирал дополнителни 300.000 војници во септември. „Делумна мобилизација“ значеше дека граѓаните кои беа во подготвеност може да бидат повикани, а оние со воено искуство беа предмет на воена служба, рече тогаш Путин.

Овој потег предизвика егзодус од Русија бидејќи илјадници способни мажи ја напуштија земјата наместо да се соочат со ризикот од регрутирање. Потоа, видеата покажаа долги редици на копнените гранични премини во неколку соседни земји и скок на цените на авионските билети.

Повеќе од 8.500 руси отпатувале во соседна Финска по копнен пат по најавата на Путин, според финскиот граничен офицер Мати Питканиити.

Податоците од различни земји покажаа дека над 200.000 луѓе ја напуштиле Русија и патувале во Грузија, Казахстан и ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП