Претседателот на Украина Володимир Зеленски на Телеграм објави фотографии од Бахмут, за кои вели дека е уништен од руската армија.
-Минатата година таму живееле 70.000 луѓе. Сега таму останаа само неколку цивили. Нема место кое не е облеано во крв. Нема час кога не се слуша страшниот татнеж на артилерија. Сепак, Бахмут стои. Нашите одбранбени сили стојат. Украински Донбас стои – тврди Зеленски.

