2 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочна „Неготинскиот панаѓур“

Почна „Неготинскиот панаѓур“

negotinski-panagjur

Во Неготино вчера започна традиционалната тридневна стопанско туристичка манифестација „Неготинско панаѓур”, на која присуствуваат голем број гости од земјава и од странство.

По примерот на други локални самоуправи општина Неготино годинава определи посебни паркинг места за деновите од неготинскиот панаѓур.

– Сега се спроведува во дело одлуката која ја изгласаа советниците во Советот на општина Неготино. Во времениот сообраќаен проект се вклучени покрај вработени во локалната самоуправа и работници на неготинското јавно претпријатие „Комуналец”. Определени се осум локации на кои ќе може да се паркира. На улиците „Маршал Тито” и „Партизанска”, старата гимназија, во близина на основните општински училишта „Гоце Делчев” и „Страшо Пинџур”, изјави општинскиот комунален инспектор Бранко Велјанов.

Локациите се обележани, а има и лица задолжени да ги упатуваат гостите кон слободните паркинг места. За автомобил паркинг место чини 50 денари, додека за камион или комбе 100  денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар