24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБлекбери отпушта 35 отсто од вработените

Блекбери отпушта 35 отсто од вработените

blackberry1

Блекбери ќе подели дури 4.500 откази поради финансиската загуба, која од 930 милиони долари во второто тромесечје се искачи на неверојатни 960 милиони долари.

Отпуштањето на речиси 35 отсто од работната сила потврдено е два дена откако Вол Стрит Џурнал најави драстични кастрења во компанијата. Последиците од лошото работење дојдоа на наплата со кусо запирање на тргувањето со акциите на компанијата. Непосредно пред стопирањето на продажбата секоја акција вредеше 10,75 долари, односно дури 90 проценти помалку отколку пред пет години или 48 отсто помалку отколку пред само една година. По продолжувањето на тргувањето, акциите забележаа дополнително опаѓање од 21 процент.

Освен загубата, која во второто тромесечје е три пати поголема од очекувана, не се одвиваше според планот и предвидената испорака на паметни телефони, па така испорачани се вкупно 5,9 милиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП