Цената на струјата во првите два блока се намалува, но без пресметан ДДВ, кој пак од први јануари ќе се искачи од пет на десет отсто. Ова е одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за после Нова година, со што вкупната цена за електрична енергија на малите потрошувачи се намалува за 20,15%, цена која ќе се применува за 70.000 компании во земјата.
Кај домаќинствата пак, цената на струјата за првиот блок се намалува за 4,11%, а за вториот блок се намалува за речиси 2,95%. Цената во третиот блок пак, расте за 0,85% а во четвртиот блок ќе се зголеми за 7,6 отсто.
„Ова е конкретна мерка која носи значително намалување на трошоците за струја како што се мали дуќани, фризерници, мали кафулиња, на оние кои им треба помош. 99% од домаќинствата ќе имаат намалени цени на електрична енергија. Доколку продолжат да штедат, многу мал процент ќе имаат повисоки сметки. Со овие одлуки цената за пренос на електрична енергија за 8,66%, цената за дистрибуција се намалува за 19,54%. Тоа е дополнителна помош и за компаниите на слободниот пазар затоа што нивните трошоци за мрежарина се намалуваат речиси за 20 отсто“, вели претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

