4 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАIBM најави инвестиција од една милијарда во Linux

IBM најави инвестиција од една милијарда во Linux

linux_ibm

Иако „Linux“ можеби не е така популарен кај обичните корисници на компјутери, неговата примена во светот на бизнисот е респектабилна. Особено поради фактот дека станува збор за бесплатен оперативен систем со отворен код (open source).

„IBM“ одлучи да инвестира една милијарда долари во „Linux“, но и во другите „open source“ технологии. Во истовреме „IBM“ во Монпелје го отвори центарот „IBM Power Systems Linux“ за програмери, клиенти и партнери.

Првите бизнис потфати ќе бидат на програмерите и на клиентите да им се овозможи управување со новиот бран на апликации за дата-центрите. „IBM“ очекува дека до овој период во наредната година компанијата да биде подобро опремена, како би можела да биде во состојба да ги користи огромните системи за податоци, дизајнирани од страна на „IBM Power Systems“ серверите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП