29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРезервите на гас во ЕУ повторно надминуваат 90 милијарди кубни метри

Резервите на гас во ЕУ повторно надминуваат 90 милијарди кубни метри

Залихите на гас во подземните складишта (ПУС) на Европската унија повторно надминаа 90 милијарди кубни метри.

Полнењето на гас е рекордно и повеќе од двојно поголемо од повлекувањето на гас од подземните складишта. Обемот на повлекувања е на најниско ниво за крајот на декември, пишува ТАСС.

Температурите над нормалата за овој период од годината доведоа до забележително намалување на потрошувачката на гас во Европа и нагло намалување на цените.

Според податоците на операторот Gas Infrastructure Europe (GIE), повлекувањето на гас од подземните складишта во земјите на ЕУ на 26 декември изнесувало само 107,5 милиони кубни метри, што е најниска бројка за тој ден од 2011 година, откако се води евиденцијата на GIE.

Во исто време, истиот ден, вбризгувањето на гас во подземните складишта достигна 220,5 милиони кубни метри.

Грејната сезона во Европа започна на 14 ноември, а од тој датум земјите од ЕУ повлекоа 15,42 милијарди кубни метри гас од складиштата.

Капацитетот за складирање на гасоводот во Европа сега е 83,21 отсто, што е за 11,9 процентни поени повеќе од просекот на 26 декември во последните пет години и тие содржат 90,05 милијарди кубни метри гас, наведува руската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП