22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТВојна во Украина - ден 308: Москва ги прекинува испораките на нафта...

Војна во Украина – ден 308: Москва ги прекинува испораките на нафта за земјите кои ја ограничија цената; Киев сака мировен самит

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој се забранува испорака на нафта и нафтени деривати на земјите кои ја ограничија цената на руската нафта. Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш е подготвен да посредува на самитот за Украина, доколку двете страни се согласат.

Војната во Украина влезе во 308-ми ден, а најжестоките борби се водат на истокот од земјата. Сирените за воздушен напад вчера се огласија низ цела Украина.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека неговата земја сака да учествува на самитот за завршување на војната, кој би се одржал до крајот на февруари, но дека не очекува Русија да учествува на тој состанок.

Недостатоците во електроенергетскиот систем на Украина се малку намалени, но капацитетот се уште не е доволен да ги задоволи потребите на жителите на земјата, објави државниот оператор „Укренерго“.

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој се забранува испорака на нафта и нафтени деривати на земјите кои ја ограничија цената на руската нафта.

Захарова на иницијатива на Украина: Кучињата лаат по караваните, а караваните врват.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, го коментираше повикот на Киев за исклучување на Русија од Обединетите нации со поговорката, кучињата лаат по караванот, а караванот си врви.

Украина: Русија истрела 33 ракети врз цивилни цели во Керсон

Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека руските сили истрелале 33 ракети врз цивилни цели во украинскиот град Херсон во последните 24 часа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП