25 април, 2024
ПочетнаДИЕТИДиета 1.000 калории

Диета 1.000 калории

На жените со просечна тежина дневно им се потребни до 2.500 калории. Со диетата со 1.000 калории, во зависност од брзината на метаболизмот се губи по еден килограм тежина во пет дена, а на дневно ниво во организмот се внесуваат 97 грама јаглехидрати, 50 грама масти и 40 грама белковини. Покрај храната која ќе ја јадете, важна е доволна количина на вода, барем два литри дневно. Станува збор за проверена и здрава диета, која не ветува брзо слабеење, но ветува здраво слабеење.

Дозволено е да јадете интегрален леб (75 гр) или двопек, млеко (250 мл), месо (150), овошје (400гр) и зеленчук по потреба и желба.

Мени:

Појадок – 250 мл млеко или 100 гр јогурт, 25 гр леб или половина интегрално пециво

Ужинка – 100 гр овошје, било кое освен банана

Ручек – 25 гр леб или 100 гр компир или спанаќ, 90 гр варено или печено месо (говедско, пилешко, телешко, риба), зеленчук по желба, супа по желба, 10 гр масло за подготовка на јадењето (една лажица).

Ужинка – 100 г овошје, било кое освен банана

Вечера – 25 гр леб, или 100 гр компир или тестенини, 60гр месо (говедско, телешко, пилешко или риба) или 15 гр сирење, салата, 5 гр масло за подготовка на јадењето, 100 гр овошје.

Пред спиење – 100 гр овошје.

Во текот на диетата не смеете да користите шеќер, а диетата се држи се додека не ја постигнете саканата тежина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП