11 мај, 2025
ПочетнаКОМПАНИИОтворена најголемата фабрика за лепила во светот

Отворена најголемата фабрика за лепила во светот

lepak1

Компанијата „Henkel“ објави дека ја отворила најголемата фабрика за лепила во Шангај, која воедно е и најголемата фабрика од ваков вид во светот, а инвестицијата е вредна повеќе од 50 милиони евра.

Фабриката ќе вработува околу 600 лица.

Со тоа, „Henkel“ ќе ги прошири производствените капацитети на големите пазари во равој, од каде ќе има можност побрзо да ги доставува своите производи до растечкиот број на потрошувачи во Кина и Азија.

Новата фабрика, која е позната и како „Фабриката Змеј“ се простира на 150.000 квадратни метри и го завзема централното место во областа на производството на индустриски лепила во Кина и во регионот на Азија и Пацификот.

Се очекува дека годишното производство ќе изнесува околу 428.000 метрички тони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП