5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд 1 февруари Русија забранува продажбата на својата нафта на земји кои...

Од 1 февруари Русија забранува продажбата на својата нафта на земји кои ја ограничија нејзината цена

Од 1 февруари следната година, Русија ќе ја забрани продажбата на својата нафта на странски земји кои користат ценовни ограничувања за тој руски енергетски извор.

Европската унија, Г7 и Австралија на почетокот на декември ја фиксираа цената на барел руска нафта на 60 долари.

Испораката на руска нафта и нафтени деривати на странски правни и физички лица е забранета, под услов договорите за такви испораки директно или индиректно да предвидат употреба на механизам за ограничување на цената. Воспоставената забрана важи во сите фази на испорака до крајниот купувач“, се наведува во декретот што денеска го потпиша рускиот претседател Владимир Путин.

Се вели дека документот ќе стапи на сила на 1 февруари 2023 година и ќе важи до 1 јули 2023 година. Забраната за снабдување со нафта утврдена со оваа уредба ќе се применува директно од 1 февруари, а забраната за испорака на руски нафтени деривати „од датумот определен од Владата на Руската Федерација, но не порано од денот кога Декретот стапува на сила“, се вели во текстот, како што пренесува руската новинска агенција ТАСС.

Ембаргото за испорака на руска нафта по морски пат до Европската унија стапи на сила на 5 декември.

Земјите од ЕУ, исто така, се согласија за прилагодлив плафон на цената на руската нафта што се испорачува по море од 60 долари за барел. Слична одлука донесоа и земјите од Г7 и Австралија.

Западните земји им забранија на нивните компании да обезбедуваат транспортни, финансиски и осигурителни услуги на танкери кои превезуваат нафта од Русија по цена повисока од договорената граница.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП